Дома Трансфер зона Милан се засилува од Барселона

Милан се засилува од Барселона

Алеиш Видал пристигна како големо заслување во Барселона, но никогаш не го оправда тој статус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Требаше да биде замена за Дани Алвеш, но играчот влезе во расправија со Луис Енрике и добиваше многу мала минутажа.

Работите не се сменија на подобро ни оваа сезона, бидејќи и кај Валверде не е прва опција, па Видал веќе размислува за промена на средината.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за неговиот потпис, па Видал би можел уште во јануари да заврши на „Сан Сиро“.

Повредата на Андреа Конти ги промени плановите на Винченцо Монтела кој сака да биде донесена негова замена во зимскиот преоден рок.

28-годишниот играч на Барселона е прва желба на „росонерите“ кои сакаат да го доведат на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…