Милан не се откажува од намерата да го доведе Хаким Зијех и повторно ќе се обиде во јануари.
Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
27-годишниот плејмејкер добива многу мала минутажа оваа сезона, па самиот сака да ја промени средината. Наводно сега и Челзи е спремен да го пушти во зимскиот преоден рок.
„Росонерите“ веќе имаат договор со плејмејкерот околу личните услови и ќе се обидат да постигнат договор со Челзи.
📰 Reports: #ACMilan revive interest in Ziyech as Chelsea remain uncertain over his futurehttps://t.co/Sv9HzFEG4U #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) November 20, 2021