Дома Македонски спорт Милан Ристовски е најскапиот трансфер во историјата на Спартак Трнава!

Милан Ристовски е најскапиот трансфер во историјата на Спартак Трнава!

Милан Ристовски од денес и официјално е играч на Спартак Трнава.

Спартак Трнава не објави за која сума го откупила договорот на македонскиот репрезентативец, но потенцираше дека Ристовски е најскапото засилување во нивната клупска историја.

„Среќен сум што трансферот се заврши после неколку недели преговори. Горд сум што повторно ќе бидам дел од Спарта, сите знаат колку клубот ми помогна да се вратам во форма, благодарен сум за довербата, Се надевам на добра сезона затоа што сум гладен за успех и голови“, изјави Ристовски.

Дека трансферот е најскап во историјата на Спартак потврди директорот Милан Цунинка.

„Сумата нема да ја откријам, но ова е најскапиот трансфер во историјата на клубот. Затоа преговорите траеа нешто подолго“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Скопје домаќин на две битки за ЕП: младите одбојкари ги добија ривалите

Машката и женската селекција до 20 години ќе играат квалификациски турнири во „Јане Сандан…