Милан и Тотенхем се во напредни преговори со трансфер на дефанзивецот Јафет Танганга, пренесуваат италијанските медиуми.
23-годишниот дефанзивец сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Росонерите“ се во потрага по дефанзивец кој ќе може да биде алтернатива за Томори и веруваат дека Танганга би бил идеално решение.
Вчера спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи беше во Милано на состанок со директорите на Милан, на кој освен за Танганга се разговарало за уште двајца фудбалери.
Станува збор за Танги Ндомбеле и Серхио Регулион за кои нема повеќе место во тимот и „Спарси“ сакаат да се ослободат.
Милан е заинтересиран за овие двајца фудбалери, но не се приоритет во моментов. Сепак, „Скај Италија“ тврди дека италијанскиот шампион може да испрати понуди и за двајцата во наредните недели.