Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец, бидејќи Кјаер поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Најголема желба на „росонерите“ е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, и ќе се обидат да го донесат на „Сан Сиро“ во јануари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
21-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, па го привлече вминанието на многу европски гиганти.
Милан има одлични односи со Лил и сака да ја победи конкуренцијата, па веќе испратил прва понуда за потписот на Ботман, пренесува „Газета дело Спорт“.
Малдини понудил 5 милиони евра за позајмица и право на откуп на лето за додатни 25 милиони евра, па двата клуба се во интензивни преговори.
Il piano Botman: costa 30 milioni, ecco come prova a prenderlo il #Milan #calciomercato https://t.co/GtTdBjKYrz
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) December 27, 2021