Дома Трансфер зона Милан не се откажува од „Петелот“ – спреми 70 милиони за Белоти

Милан не се откажува од „Петелот“ – спреми 70 милиони за Белоти

Милан минатото лето имаше неколку неуспешни обиди да го ангажира Андреа Белоти од Торино, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ се уште не се откажале од италијанскиот напаѓач.

На „Сан Сиро“ минатото лето пристигнаа Андре Силва за 40 милиони евра и Никола Калиниќ за 24 милиони, но ни едниот, ни другиот не ги оправдаа очекувањата, па јасно е дека на крајот на сезоната ќе има промени во нападот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ тврди дека главна трансфер цел на Милан за следната сезона останува Андреа Белоти и дека наскоро „росонерите“ ќе ги обноват преговорите со Торино.

Напаѓачот сака да го облече „црвено –црниот“ дрес бидејќи е голем навивач на Милан, па е спремен да ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат на негова адреса.

Наводно Милан е спремен да понуди 70 милиони евра за неговиот потпис, сума која би требало да ги задоволи апетитите на Торино, со оглед на слабата сезона на Белоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…