Дома Трансфер зона Милан не запира: Седмото засилување на прегледи во Милано!

Милан не запира: Седмото засилување на прегледи во Милано!

Милан е сигурно еден од најактивните клубови во овој трансфер период, па медиумите денес потврдија дека „росонерите“ го договориле седмото засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ вчера го имаа првиот собир и орвиот тренинг, па пред тренинг кампот имаше неверојатна еуфорија и околу 5.000 фанови ги поздравија новите засилување.

Веќе денес ќе пристигне ново, седмо засилување на „Сан Сиро“, а станува збор за бекот на Аталанта и италијански репрезентативец Андреа Конти.

Еден од најталентираните десни бекови ќе пристигне во Милано попладнево каде треба да ги помине рутинските медицински прегледи, а потоа и официјално да стане нов член на „росонерите“.

Милан на Аталанта за потписот на Конти ќе и плати 24 милиони евра, а играчот ќе потпише 5-годишен договор според кој ќе заработува 2 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…