Дома Трансфер зона Милан на чекор од првото летно засилување

Милан на чекор од првото летно засилување

Според пишувањето на италијанските медиуми, раководството на Милан ќе биде активно во текот на летниот трансфер период.

„Росонерите“ имаат во план сериозно да го засилат тимот и да станат се поконкурентни во борбата за највисоки успеси, а на „чизмата“ се повеќе се шпекулира за потенцијалните засилувања за кои наводно се наоѓаат на списокот на тренерот, Гатузо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Приоритет на „росонерите“ ќе биде да се засили средниот ред, каде заминуваат Монтоливо и Бертолачи. Најголема желба на италијанскиот клуб наводно е и 23-годишниот играч за врска Стефано Сенси кој игра одлично во дресот на Сасуоло.

Милан уште во јануари беше заинтересиран за потписот на Сенси, но тогаш не успеа да најде заеднички јазик со Сасуоло. Сега медиумите пишуваат дека Леонардо спремил понуда од 25 милиони евра и сака по секоја цена да го види Италијанецот на „Сан Сиро“.

За Сенси исто така интерес покажуваат уште Наполи и Интер, но италијанските медиуми тврдат дека Милан е во пол-позиција за неговиот потпис.

Сенси оваа сезона во Серија А настапи на 27 натпревари, а на своето конто имa два гола и четири асистенции. Дека станува збор за одличен играч говори и фактот што Роберто Манчини му даде шанса и во репрезентацијата на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…