Дома Трансфер зона Милан најде замена за Ибрахимовиќ

Милан најде замена за Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ најверојатно ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да му бара замена.

Примарна цел на „росонерите“ на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најголема желба е Џонатан Дејвид од Лил.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


21-годишниот напаѓач оваа сезона блеска во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Милан е спремен да ја победи конкуренцијата.

Канаѓанецот оваа сезона има постигнато 16 гола на 29 меча и Лил за неговата слобода ќе бара најмалку 40 милиони евра.

Сепак, на Милан воопшто нема да му биде лесно да стигне до потписот на напаѓачот бидејќи за него интерес покажуваат уште Барселона, Интер, Арсенал и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…