Дома Трансфер зона Милан и Јувентус се „тепаат“ за фудбалер од Грузија

Милан и Јувентус се „тепаат“ за фудбалер од Грузија

Хвича Кварацхелија, репрезентативец на Грузија, кој беше стрелец против Македонија во Скопје е на радарот на неколку европски гиганти.

Грузиецот го сврте вниманието кон себе со добрите настапи не само во националниот тим, туку и во дресот на Рубин Казан.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд подолго време го следи крилниот напаѓач, а сега во трката за неговиот потпис се приклучија Милан и Јувентус.

Агентот на Кварацхелија пристигна во Италија и веќе започнал преговори со Милан, а во наредните денови ќе има средба и со Јувентус.

Цената на Грузиецот е 15 милиони евра и многу веројатно дека од лето ќе се пресели во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…