Раководството на Милан сака да го откупи Брахим Дијаз, кој е на позајмица од Реал Мадрид.
Дијаз веќе трета сезона игра како позајмен фудбалер на „Сан Сиро“, а Милан на крајот на сезоната има можност да го откупи за 22 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал во договорот ќе има бај-бек клаузула ќе може да го врати Шпанецот за 27 милиони евра во Мадрид.
Двата клуба договориле средба на која ќе се разговара за иднината на Брахим Дијаз.
Милан сака да го задржи, самиот фудбалер преферира да остане на „Сан Сиро“, но се ќе зависи од Реал Мадрид.
Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека „росонерите“ можат да договорат перманентен трансфер бидејќи имаат одлични односи со Реал Мадрид.