Дома Трансфер зона Милан и Интер тргнаа по „отпишаниот“ играч на Баерн

Милан и Интер тргнаа по „отпишаниот“ играч на Баерн

После заминувањето на Карло Анчелоти иднината на Хамес Родригез на „Алијанц Арената“ е неизвесна и Колумбиецот може да ја промени средината уште во јануари.

Хамес ова лето пристигна во Минхен на двегодишна позајмица за 10 милиони евра, а Баварците ќе имаат можност да го откупат неговиот договор за додатни 40 милиони евра, но тоа најверојатно нема да се случи.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот тренер Јуп Хејнкес призна дека Колумбиецот има проблем со прилагодувањето во Бундес лигата, па после заминувањето на Анчелоти готово сигурно и тој ќе ја промени средината.

Хамес сака да има поголема минутажа за да биде во форма на Мундијалот, а ситуацијата будно ја следат миланските гиганти Милан и Интер.

„Скај Италија“ пренесува дека двата клуба се заинтересирани да го донесат Колумбиецот во Милано, а за тоа најверојатно ќе им бидат потребно околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…