Дома Трансфер зона Милан започна преговори со младата ѕвезда на Челзи

Милан започна преговори со младата ѕвезда на Челзи

Милан е силно заинтерессиран за младиот напаѓач на Челзи, Тами Абрахам, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 22-годишен напаѓач не се согласува со условите на новиот договор и се повеќе се зголемуваат гласините дека ќе го напушти „Стамфoрд Бриџ“.

Притоа не е задоволен од статусот во тимот и ретко добива минутажа оваа сезона, па сака да ја промени средината.

Милан најверојатно ќе се раздели со Манџукиќ на крајот на сезоната и сака да донесе млад напаѓач, па верува дека Абрахам ќе биде вистинскиот избор.

Челзи за неговата слобода бара 40 милиони евра и тоа може да биде проблем во преговорите. Наводно „росонерите“ го сакаат напаѓачот на позајмица со право на откуп, по истиот принцип како што го донесоа Томори во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…