Дома Трансфер зона Милан започна преговори за „новиот Пирло“

Милан започна преговори за „новиот Пирло“

Младиот плејмејкер на Бреша, Сандро Тонали важи за еден од најголемите таленти на Апенините и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

19-годишниот Тонали неоадамна доби повик и од италијанската репрезентација, а во Италија веќе го доби епитетот „новиот Пирло“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За неговиот потпис се заинтересирани сите големи италијански клубови, но Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.

Тонали не крие дека од дете е навивач на „росонерите“ и дека сака да заигра на „Сан Сиро“, па токму поради тоа Милан верува дека играчот ќе го избере „црвено-црниот“ дрес.

„Росонерите“ најпрво сакаат да постигнат комплетен договор со играчот, а потоа да започнат преговори со Бреша. Милан е спремен да понуди 40 милиони евра за потписот на Тонали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…