Дома Топ вести Милан заврши уште два трансфери – потроши повеќе отколку во послените 5 години!

Милан заврши уште два трансфери – потроши повеќе отколку во послените 5 години!

Доколку бидат реализирани сите започнати преговори, цехот за трансфер периодот ќе изнесува 180 милиони евра.

Милан веќе потроши 90 милиони евра во овој трансфер период, но овде нема да запре. Имено, со Конти од Аталанта работата е речиси договорена, ќе чини околу 22 милиони евра, па одличниот млад играч ќе се пресели на „Сан Сиро“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во Милан се оптимисти кога станува збор Чалханоглу, го чека десетката, имено, Леверкузен бара 30 милиони за одличниот плејмејкер, но би можеле и малку да ја спуштат цената. Самиот играч го кажа своето, тој сака во Милан, ги прифати сите услови, 2,5 милиони евра по сезона.

Не е тоа се, „Росонерите“ го сакаат и Квадрадо од Јувентус. Имено, Колумбиецот веќе беше цел пред две сезони, но тој го избра Јуве, а сега со извесното доаѓање на Бернандески, неговата позиција во тимот доаѓа во прашање.

Милан е подготвен заедно со Де Шиљо, да понуди и пари и да го добие Колумбиецот кој ќе биде замена за Делофеу.

Што се однесува до продажбите, клубот од „Сан Сиро“ сигурно ќе го напуштат Лападула, Нианг и Бака, а ќе биде доведен уште еден централен напаѓач, најверојатно Калиниќ од Фиорентина. Со тоа сумата на потрошени пари ќе стигне до неверојатни 180 милиони евра.

Тоа е повеќе од што Берлускони потроши за засилувања од 2012. година, поточно во последните 10 трансфер периоди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…