Дома Трансфер зона Милан е фаворит за потписот на Де Роси

Милан е фаворит за потписот на Де Роси

Легендата на Рома, Даниеле де Роси донесе конечна одлука и е спремен да заигра во друг клуб од Серија А.

Де Роси откако замина од Рома најави дека нема да се пензионира, а медиумите тврдеа дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС или во Бока Јуниорс.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Скај Спорт“ пренесува дека 35-годишниот играч за врска ги одбил тие понуди и донесол одлука кариерата да ја продолжи во Серија А, најмалку уште една сезона.

Најсилен интерес за него покажуваат Милан и Фиорентина, како и Сампдорија каде е неговиот поранешен тренер Ди Франческо.

Последните информации од Апенините говарат дека Милан е фаворит за потписот на ветеранот. Малдини многу го цени Де Роси како играч и како човек, па смета дека ќе биде од голема помош како на теренот така и во соблекувалната.

Двете страни сигурно нема да имаат проблем да се договат околу финансискиот дел, па сега се чека конечната одлука на Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Ерлинг Холанд и Мартин Одегард го предводат идеалниот тим составен од фудбалери од европск…