Сезоната на Ибрахимовиќ и ЛА Галакси заврши синоќа откако не успеаа да се пласираат во плеј-офот, а тоа може да му ги отвори вратите на Швеѓанецот за враќање во Европа.
Најсериозен кандидат за потписот на Ибрахимовиќ е неговиот поранешен клуб Милан. Спортскиот директор на „росонерите“ Леонардо веќе имал неколку средби со неговиот агент Мино Раиола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан сака да го донесе Ибрахимовиќ уше наредниот месец на позајмица до крајот на сезоната, а и самиот голгетер има голема желба да се варти во Европа.
Ибрахимовиќ е во одлична форма и постига 22 голови на 27 мечеви во МЛС лигата, па сигурно ќе биде големо засилување за „росонерите“.