Раководството на Милан донесе одлука на крајот на сезоната да го откупи Брахим Дијаз, кој е на позајмица од Реал Мадрид.
Дијаз веќе трета сезона игра како позајмен фудбалер на „Сан Сиро“, а Милан на крајот на сезоната има можност да го откупи за 22 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанецот игра фантастично од почетокот на сезоната и Милан веќе донесе одлука да го откупи на крајот на оваа сезона.
Реал во договорот ќе има бај-бек клаузула и во следните две години ќе може да го врати Шпанецот за 5 милиони евра повеќе.
„Кралевите“ се уште размислуваат дали да ја активираат таа опција, но конечната одлука сепак ќе ја има самиот Брахим Дијаз.
🚨| AC Milan wants to sign Brahim Diaz permanently. Real Madrid would receive €22m. 🇪🇸 @marca pic.twitter.com/8maRhtuSH3
— Madrid Xtra (@MadridXtra) November 14, 2022