Рома би можела да го врати Крис Смолинг во Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, иако од клубот имаат голема желба да го задржат дефанзивецот во своите редови.
Англичанецот оваа сезона игра на позајмица во Рим и сите во Рома се задоволни од неговите партии.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ немаат проблем да го продадат Смолинг, но ја известиле Рома дека за неговиот потпис бараат најмалку 20 милиони евра. Самиот клуб сака долгорочен договор, па „волчицата“ ќе мора да издвои околу 40 милиони евра за играч кој наскоро ќе наполни 31 години.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој е во потрага по дефанзивец и е спремен да ги плати бараните 20 милиони евра.
Manchester United have told Roma that they want no less than €18m for Chris Smalling.
— OXLINGNews (@gidioniblog) February 6, 2020
(via Gazzetta dello Sport) pic.twitter.com/AFFoq9MumM