Италијанскиот гигант Милан е во потрага по напаѓач во зимскиот преоден рок и ќе се обиде да го доведе Луис Муриел од Севиља.
Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ можат да го донесат Колумбиецот на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп за 12 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Севиља во 2017 година го доведе Муриел од Севиља за 22 милиони евра, но напаѓачот оваа сезона падна во втор план и само еднаш беше стартнер во Примера.
Муриел се етаблираше токму во Серија А во дресот на Удинезе и Сампдорија, каде на 165 меча постигна 43 гола и запиша 33 асистенции.
Самиот фудбалер сака да се врати во Италија и наводно веќе се договорил со „росонерите“.
#Milan, proposto #Muriel: la situazione https://t.co/RHnaraie6y pic.twitter.com/XNoQWNoGg3
— calciomercato.com (@cmdotcom) December 18, 2018