Дома Фудбал Италија Милан го „блиндира“ Кеси со нов договор

Милан го „блиндира“ Кеси со нов договор

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Франк Кеси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Малдини веќе имал средба со агентот на Франк Кеси и му понудил нов четиригодишен договор тежок 4 милиони евра по сезона плус бонуси.

За 23-годишниот фудбалер има интерес од многу клубови ширум Европа, па поради тоа Милан сака што побрзо да потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок од Максимир: Динамо го одби Ливаковиќ, причината е сосема јасна

Враќањето на Доминик Ливаковиќ во Динамо последниве денови повторно е една од главните тем…