Eкипата на Милан ја заврши сезоната на второто место на табелата во Серија А со 19 бода помалку од шампионот Интер.
Во новата сезона ќе влезе со нов тренер откако Стефано Пиоли си замина од клубот по пет години во кои освои и Скудето во 2019 година. Тоа Скудето за Милан беше 19-то по 11 години чекање.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Засега италијанските медиуми само шпекулираат за неговиот наследник, но наводно наскоро би требало да го знаеме името на новиот тренер. Во моментов најспоменувано име е Португалецот Пауло Фонсека кој го предводи францускиот клуб Лил.
Легендата на клубот објави криптична порака на Инстаграм, која италијанските медиуми ја поврзуваат со пронаоѓањето на нов тренер. Ибрахимовиќ ја извршува функцијата советник за спортски прашања, а таа е тесно поврзана со ангажманот на тренерите.
Тој објави своја фотографија на Инстаграм и напиша само 4-3-3. Италијанските медиуми шпекулираат дека нов тренер на Милан треба да биде Пауло Фонсека, кој има искуство со работа во Италија како поранешен тренер на Рома. Се пишуваше и дека фаворит на Ибрахимовиќ е Марк ван Бомел.