Дома Трансфер зона Миланско дерби за ѕвездата на Бешикташ

Миланско дерби за ѕвездата на Бешикташ

Италијанските гиганти Интер и Милан се заинтересирани за капитенот на Бешикташ, Огузан Езиакуп, потврди спортскиот директор на турскиот клуб.

23-годишниот Езиакуп игра како офанзивен играч за врска или плејмејкер и еден од најдобрите поединци во Бешикташ и туркста лига. Тој е роден во Холандија и има двојно државјанство, но настапува за турската репрезнетација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скаутите на многу европски гиганти ги следат неговите настапи, а спортскиот директор на Бешикташ потврди дека Милан и Интер го потврдиле интересот.

„Интер и Милан го потврдија интересот за Езиакуп, но се уште немаат испратено конкретна понуда. Тој е наш капитен и ние сакаме да остане, но доколку пристигне понуда ќе ја разгледаме“, изјави Али Наиби, директорот на Бешикташ.

Покрај миланските клубови силен интерес за турскиот плејмејкер покажува и Арсен Венгер кој во него гледа идеална замена за Месут Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…