Дома Фудбал Месут Озил на насловните во германските медиуми поради химната

Месут Озил на насловните во германските медиуми поради химната

Месут Озил неодамна ја напушти Англија и потпиша за турски Фенербахче.

Озил, кој е роден и пораснал во Германија со задоволство оди во Турција од каде се неговите родители и има силна врска со турскиот народ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германско-турскиот фудбалер повторно е на насловните медиуми во Германија. 32-годишниот играч ја напушти репрезентацијата на Германија во 2018. година, повикувајќи се на расизам, како во рамки на самата репрезентација, така и во целото германско општество.

Германците сега му замеруваат на Озил што ја пее турската химна во својата нова екипа во Турција.

Турската химна секога се пее во Турција пред поголем дел од спортските натпревари, слично како во САД. Озил, пред еден натпревар на Фенер, евидентно ја пееше турската химна.

Германските медиуми пишуваат дека Озил никогаш не ја пеел германската химна. Тој пак вели дека времето за интонирање на химната го користи за молитва. Тоа објаснување не беше доволно за германските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…