Лионел Меси пристигна во Барселона за конечно да стави потпис на новиот договор.
Меси во моментов е слободен агент бидејќи му истече договорот со Барселона, но потоа беше на Копа Америка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, неговите агенти постигнаа договор со Барселона за подолжување на соработката. Меси се согласи на 50% намалување на платата, која изнесуваше 585.000 евра неделно.
Меси се уште е на одмор и не е почнат со припремите за новата сезона, но пристигна во Барселона за да стави потпис на новиот договор со кој ќе остане на „Камп Ноу“ во наредните пет години.
Претседателот на Барселона, Лапорта потврди дека е постигнат договор и Меси уште долго ќе го носи дресот на каталонскиот гигант.