Барселона вчера во моментите кога полицијата го тепаше народот кој излезе да гласа за независност на Катлонија успеа да слави против Лас Палмас од 3:0, но после натпреварот веројатно на никого не му беше до славје.
Натпреварот беше под голем знак прашалник, а неизвесноста дали натпреварот ќе се одигра траеше и до еден час пред почетокот на средбата. Претседателот Бартомеу одржал состанок со екипата и им објаснил како стојат работите. Имено, тој им соопштил дека мораат да го одиграат овој натпревар бидејќи преголем ризик е да изгубат шест бода (толку изнесуваше казната доколку Каталонците не изезат на терен), со тоа веднаш би го вратиле Реал во игра за титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Доколку на крајот го изгубиме првенството за тие шест бода, верувајте ми никој, ама баш никој, нема да се сеќава поради што сме биле суспендирани. Сите ќе паметат само дека таа година не сме ја освоиле титулата“, им зборувал претседателот на фудбалерите.
На, ова му одговорил капитенот на тимот Андрес Иниеста.
„Не оставјте ние фудбалерите да донесеме ваква одлука, ова е нешто за кое што мора да одлучи клубот“, одговорил Иниеста.
Поголемиот дел од фудбалерите сакале да истрчаат на теренот, но постоела и мала група предводена од Пике и Серхио Роберто која не сакаше да се одигра овој натпревар и покрај казната.
Меѓутоа групата „бунтовници“ била премала, поголем дел од тимот како што кажавме сакал натпреварот да се одигра, а на нив им се приклучил и тренерот Ернесто Валверде. Тогаш сите очи биле вперени кон првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси, сите го очекувале неговото мислење, јасно е дека зборот на Меси има огромно влијание. Но, Аргентинецот само молчел и не се се огласил, веројатно знаеше за колкав ризик станува збор.
Новинарите на „Марка“ го запрашаа и Бартомеу за мислењето на Аргентинецот.
„Веројатно не му беше сеедно, но знаеше дека одлуката која беше донесена беше за доброто на клубот“, одговорил Бартомеу.