Дома Топ вести Меси не дозволува да го доведат во Барса, Реал воодушевен од неочекувано засилување

Меси не дозволува да го доведат во Барса, Реал воодушевен од неочекувано засилување

Меси е апсолутен господар во Барселона, па и надвор од теренот.

Кога управата има намера да доведе некое засилување, Аргентинецот најверојатно се прашува за мислење. А откако што ПСЖ отпадна од Реал во осмина финалето од Лигата на Шампионите, се активираше приказната за доведување на Марко Верати во каталонскиот клуб. Но, Меси тоа не го сака, тврди шпанскиот „DiarioGol“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Не го сакам во Барселона“, наводно кажал на управата на Барселона.

Верати беше желба на Барселона минатото лето, но на крајот им даде „корпа“, бидејќи Нејмар ги засили Парижаните па 25-годишниот Италијанец се одлучи да остане во Градот на светлината. И тоа, тврдат Шпанците, многу му засмета на Меси. Освен тоа, наводно, не бил ништо воодушевен од од она што Верати го покажа против Реал. Особено по наивниот црвен картон кој го доби во реваншот.

Другата шпекулација околу Верати оди во насока на Мадрид, поточно Реал, кој, повторно тврдат Шпанците, бара замена за Модриќ, па италијанскиот фудбалер би можел да пристигне како замена. А Меси, по синоќешниот натпревар може да стори се во Каталонија, па и да одлучи, кој ќе дојде, а кој не…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…