Oткриено што се случувало на бурниот состанок во Русија.
Некои работи се откриени кога во прашање е ситуацијата во Аргентина во текот на Мундијалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, после поразот од Хрватска, играчите отворено му порачаа на селекторот Сампаоли дека не му веруваат и дека сите сакаат да одлучуваат во составувањето на тимот.
Тој со самото тоа не се сложил, еден од неговите помошници си поднесе оставка, а Сампаоли сепак остана до крајот на Светското првенство.
Самите играчи не знаеа што сака, Сампаоли тврдеше дека Меси му се меша во тимот, што Лео го демантираше.
„Зошто лажеш, кажи пред луѓето кога сум ти кажал име, иако десет пати ме прашуваше кого да ставиш во екипата. Јас тоа не го правам никогаш, ти кажав само дека мора да промениш нешто“, се обратил Меси до Сампаоли пред луѓето од федерацијата.
На крајот, Аргентина Мундијалот го заврши во осминафиналето, па Сампаоли си замина со оштета од два милиони евра.