Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез оваа сезона блеска во дресот на Интер, па го привлече вниманието на многу еврпски гиганти.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона сака да го донесе Лаутаро Мартинез во своите редови, а сега каталонскиот гигант го потврди интересот.
Лионел Меси го препорачал својот сонародник кај раководството кое во него гледа идеален наследник на Луис Суарез.
„Мартинез е комплетен играч. Мислам дека игра на високо ниво и тој е играч за кого знаеме се, бидејќи внимателно го следиме“, призна спортскиот директор на Барса, Ерик Абидал.
Каталонскиот клуб е спремен да ја активира откупната клаузула од 111 милиони евра, но Интер сака да го спречи тоа така што ќе му понуди нов договор на Аргентинецот.