Дома Трансфер зона Меси бил изненаден од непрофесионализмот на ПСЖ?

Меси бил изненаден од непрофесионализмот на ПСЖ?

Лионел Меси се уште не донел одлука дали ќе остане во Барселона и после актуелната сезона.

Аргентинецот има договор до крајот на оваа сезона и се уште не се знае каква ќе биде неговата одлука со оглед на тоа дека минатото лето бараше раскинување на договорот. Во Барселона секако се надеваат дека Меси ќе потпише нов договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Низ медиумите Меси најмногу се поврзува со ПСЖ, а играчите од таборот на францускиот клуб и отворено го повикуваат Меси во Париз. Последен кој го направи тоа беше Анхел Ди Марија, Роналд Куман и отворено кажа дека не му се допаѓа таквото однесување на луѓето од ПСЖ.

Меси е свесен за ситуација, но и одлучен ништо да не открива додека сезоната не заврши. Сепак, шпанските медиуми пишуваат дека тој е изненаден од непрофесионализмот на ПСЖ да се зборува за тоа токму пред осминафиналето во Лигата на шампионите каде што ќе играат овие две екипи.

„Мундо Депортиво“ наведува дека тоа само дополнително го мотивира Меси да ги елиминира „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Амрабат го напушта „Олд Трафорд“, бира меѓу Милан и Јувентус

Софијан Амрабат минатото лето беше на мета на многу европски гиганти, а тој избра кариерат…