Рускиот тенисер Данил Медведев ќе биде противникот на Јаник Синер во финалето на Австралија Опен.
Медведев денеска направи голем пресврт и се врати од тешка позиција за победа од 3:2 (5:7, 3:6, 7:6, 7:6 и 6:3). За Медведев ова ќе биде трето финале на Австралија Опен и ќе се обиде да дојде до својот прв трофеј, но против одличниот Синер сигурно нема да му биде лесно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зверев одлично го почна денешниот меч и ги доби првите два сета со 7:5 и 6:3, а во тие моменти се изгледаше дека е на негова страна. Сепак, во продолжение Русинот го крена нивото на игра и обезбеди финале.
Третиот и четвртиот сет ги освојуваше во тај-брејк, во тој период двајцата беа одлични на свој сервис, а Медведев излегуваше како победник во тајбрејкот.
Тие два добиени сета беа голем психолошки мотив за Медведев кој во одлучувачкиот сет прикажа уште подобра игра и си закажа финале каде што го чека Јаник Синер кој денес го елиминираше Новак Ѓоковиќ.
𝐓𝐇𝐄 𝐂𝐎𝐌𝐄𝐁𝐀𝐂𝐊 𝐈𝐒 𝐂𝐎𝐌𝐏𝐋𝐄𝐓𝐄 ✅✅
— Eurosport (@eurosport) January 26, 2024
Daniil Medvedev comes back from two sets down for the 𝐒𝐄𝐂𝐎𝐍𝐃 time at the #AusOpen to beat Alexander Zverev 💪 pic.twitter.com/bp4SQ9HqxP