Дома Топ вести Мега понудата е спремна: ПСЖ го комплетира „Дрим тимот“ со најскапиот голман на сите времиња!

Мега понудата е спремна: ПСЖ го комплетира „Дрим тимот“ со најскапиот голман на сите времиња!

oblak

Ова се деталите за мега понудата од Париз.

ПСЖ со доведувањето на Ласана Диара практично го заврши зимскиот преоден рок, а нова бомба спремаат за следното лето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Најновите информации од Франција говорат дека ПСЖ спрема пеколен плат за идното лето кога со сите сили ќе тргне по голманот на Атлетико Јан Облак кој има откупна клазула од 100 милиони евра.

Како што гласат информациите купувањето на Облак ќе биде приоритет за спортскиот директор на ПСЖ, Антер Енрике кој Словенецот го познава уште од Португалија кога работеше во Порто, а Облак бранеше за Бенфика, се обидуваше да го доведе и минатото лето, но „јорганџиите“ не попуштаа.

Сепак, сумата од 100 милиони евра во овој момент поради ситуацијата со ФФП е премногу за ПСЖ. „Светците“ наводно ќе понудата сума од 70 милиони евра со што би го направиле Облак најскапиот голман на сите времиња и конечно би бил срушен рекордот на Буфон од 2001 година кога за сума од 52 милиони евра премина од Парма во Јувентус.

Кога во прашање се личните услови изгледа дека се веќе договорени. Словенецот во Париз веднаш би добил 10 милиони евра за потписот, додека неговата плата би изнесувала огромни 14 милиони евра по сезона со што ќе стане и убедливо најплатен голман на денешницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…