Дома Фудбал Останато „Мбапе ќе премине во Реал Мадрид во последните недели од август“

„Мбапе ќе премине во Реал Мадрид во последните недели од август“

Moхамед Хени е познат инфлуенсер и јутубер кој помеѓу другото е и добар пријател со Карим Бензема.

Хени на својот „Јутуб“ канал објави дека Килијан Мбапе ќе потпише договор со Реал Мадрид, а тврди дека информациите ја добил од доверлив извор. Со оглед на неговото пријателство со Бензема многумина веруваат дека има вистина и дека токму напаѓачот на Реал Мадрид е изворот на информацијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според неговите зборови Мбапе ќе премине во Реал Мадрид во последните неколку недели од август, односно во финишот од преодниот рок во Франција и Шпанија.

За трансферот на Мбапе се шпекулира веќе подолго време, тој во овој момент има договор со ПСЖ до летото 2022 година и се уште не го обновил, наводно е спремен да замине.

Останува да го почекаме крајот на преодниот рок и да видиме дали овие најави ќе се остварат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…