Дома Фудбал Мбапе си купи фудбалски клуб

Мбапе си купи фудбалски клуб

Килијан Мбапе, стана мнозински акционер во Каен за нешто помалку од 20 милиони евра, соопшти весникот „Паризиен“..

Така, 25-годишниот Мбапе стана еден од најмладите сопственици на фудбалски клубови во Европа. Тој е косопственик на клубот од Нормандија, заедно со претседателот на Надзорниот совет, Пјер-Антоан Каптон, кој го поседува останатиот пакет од акциите.

Она што е особено интересно е приказната дека Мбапе како дете требал да стане член на Каен, откако клубот го видел неговиот потенцијал да стане голема ѕвезда.

Семејството гледало на тоа како здрава и заштитена средина за Килјан, но договорот пропаднал кога Каен испадна од Лиг 1 во сезоната 2011/2012, кога Мбапе имаше 13 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук пред европски пресврт: Две победи му отворија пат до огромен скок

Максималниот старт во Конференциската лига не носи само бодови: сплитскиот клуб има шанса …