Дома Трансфер зона Мбапе сакал да ја напушти репрезентацијата – причината била бизарна!

Мбапе сакал да ја напушти репрезентацијата – причината била бизарна!

На последното Европско првенство Франција стартуваше како фаворит, но разочара со елиминацијата од Швјцарија во осминафиналето.

Решавачкиот пенал во пенал серијата го промаши Килијан Мбапе, првата ѕвезда на францускиот фудбал. По тој промашен пенал Мбапе беше на удар на француската јавност и до него стигнуваа многу критики.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ле Грет за тамошните медиуми изјави дека Мбапе бил фрустриран поради промашениот пенал и испаѓање, дури отишол толку далеку што сакал да ја напушти репрезентацијата.

„Се сретнавме по натпреварот со Швајцарија и ми кажа дека ние како Федерација не сме му дале доволно поддршка после промашениот пенал. Беше лут и не сакаше да игра за репрезентацијата “, се потсети Ле Грет.

Мбапе не се согласи со овие зборови на Ле Грет, тој потврди дека сакал да ја напушти репрезентацијата, меѓутоа причината била сосема друго. Во прашање биле расистички пораки кои ги добивал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака Палмер, Челзи бара 200 милиони

Бисерот на Челзи, Кол Палмер, е еден од најдобрите играчи во светот во моментов и силен ин…