Килијан Мбапе станува слободен агент на 30 јуни. Светските медиуми веќе подолго време пишуваат за неговото доаѓање во Реал Мадрид, каде треба да стане еден од најплатените фудбалери на денешницата и клучен човек на Кралскиот клуб.
Веќе некое време е незадоволен и сака да си замине. Претседателот на клубот го задржа пред две години со еден од најголемите договори во историјата на фудбалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во интервју за Скај Спорт, Мбапе откри и еден интересен детал од неговото детство.
“Италијански фудбал? Никогаш не се знае. Отсекогаш сум велел – ако одам во Италија, ќе одам во Милан. Како дете го гледав секој натпревар и бев голем навивач. Целото мое семејство, сите ние навивавме за Милан“, рече тој.