Дома Топ вести Мбапе најави заминување од ПСЖ: Парите не ми се важни, сакам да откривам нови работи

Мбапе најави заминување од ПСЖ: Парите не ми се важни, сакам да откривам нови работи

Килијан Мбапе со последното интервју само ги засили шпекулациите за негово заминување од Пари Сент Жермен.

Мбапе одбива да го продолжи договорот со ПСЖ и на лето најверојатно како слободен агент ќе се пресели во Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанскиот гигант се обиде да го купи 22-годишниот Французин минатото лето, но не успеа да го убеди ПСЖ ниту со 200 милиони евра.

Со последната изјава дадена за француските медиуми Мбапе индиректно потврди дека ќе го промени клубот и државата.

„Човечките врски се посилни од парите. Животот е непредвидлив, тој вреди многу повеќе од парите. Сакам да откривам нови работи, да патувам, да запознавам нови фудбалери, различни култури…“, изјави меѓу другото Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…