Иднината на Килијан Мбапе е главна тема бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а најавите се дека ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен агент.
Сепак ПСЖ не се откажува и ќе направи се за да го задржи во Париз. Еминентниот „Екип“ откри дека Мбапе поставил четири услови за да потпише нов договор со „светците“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првиот услов што Мбапе го бара од раководството на ПСЖ е да ја подигне сериозноста на друго ниво, и да ја намали слободата на одредени играчи, што воопшто не му се допаѓа.
Вториот услов е тој да стане број еден и во клубот и на теренот и сака да биде заштитно лице на проектот и главна ѕвезда на клубот.
Третиот услов на Мбапе е да добие продолжување на договорот до 2024 година, но со клаузула дека доколку сака може да го напушти клубот по само едно лето.
Последниот и најважен услов е тој да стане најплатениот играч во светот, што не би требало да биде проблем со оглед дека ПСЖ и подготвува таков договор за него.