Долорес Авеиро е мајка на славниот Португалец Кристиано Роналдо, таа објави фотографија од својот син на Твитер и порача дека е горда на својот син.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ништо во таа објава немаше да биде чудно ако над фотографијата која ја објави Долорес помеѓу другото не пишуваше дека Кристиано го спасил Јувентус од испаѓање и му помогнал на торинскиот клуб да го освои првиот трофеј после 20 години чекање.
Meu orgulho, meu filho pic.twitter.com/aakxzZYMLY
— Dolores Aveiro (@DoloresAveiro) May 6, 2019
Ова ги шокираше и ги збуни сите фанови на Роналдо, а во коментарите голем број фанови и сугерираа на Долорес дека Јувентус го освоил осмото Скудето во низа.
Госпоѓата Авеиро очигледно не следи премногу фудбал, но барем знае дека нејзиниот син е член на Јувентус.