Дома Фудбал Мајката на навивачот што влезе на терен: Мислеше дека е шега, а сега ќе работи цело лето за да плати

Мајката на навивачот што влезе на терен: Мислеше дека е шега, а сега ќе работи цело лето за да плати

На натпреварот помеѓу Мајорка и Барселона во саботата главна тема беше навивачот кој и покрај празните трибини успеа да влезе на теренот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мета на младиот фудбалер беше Лионел Меси и со него сакаше да направи селфи, меѓутоа успеа да дојде само до Жорди Алба. Навивачот објасни и како успеал да се најде на теренот – тука.

Медиумите во Шпанија пишуваа дека тој добил казна од 2.000 евра, а се огласи и неговата мајка која вели дека тие се во економски тешка.

„Еве се извинувам во негово име. Јас сум самохрана мајка на три деца, верувајте дека ова нема да се повтори. Се налутив кога ми се јави полиција, очигледно мојот син не знаеше што прави и во што се впушта. Ние сме во тешка ситуација и сега тој ќе мора да работи цело лето за да ја плати казната за нешто на кое гледаше како шега. Последици сигурно ќе почувствуваме и ние што живееме со него“, изјави мајката на 17 годишниот навивач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реми во дербито од Премиер лигата, Челси конечно не изгуби! (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул и Челси одиграа нерешено 1:1 во 36-тото коло на англиската Премиер…