Дома Фудбал Навивачот објасни како успеа да втрча на терен (видео)

Навивачот објасни како успеа да втрча на терен (видео)

Барселона синоќа дојде до лесна победа на гостувањето кај Мајорка, а мечот го одбележа еден навивач кој втрча на терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа ситуација во најмала рака беше чудна, бидејќи натпреварот се играше без публика, а еден навивач втрча на терен и го прекина мечот.

Навивачот беше со дрес на Аргентина, па дури успеа да направи и селфи со Жорди Алба пред да реагира обезбедувањето.

„Имав идеја да влеза на теренот уште пред пандемијата на коронавирус, Меси е мојот идол. Со месеци кроев планови како да направам фотка со Лео. Мојот сон беше да се сретнам и сликам со Меси“.

„Пристигнав пред стадионот кога беше 40-та минута, прескокнав ограда висока два метри и се искрадов на трибините. Потоа по скалите се симнав на теренот. Прво го здогледав Жорди Алба, и направив селфи со него. Тргнав кон Меси, некако успеав да направам фотка, која не беше баш добра. Најжално е тоа што полицијата ме натера се да избришам“, раскажа навивачот.

Со оглед на забраната за присуство на навивачите и прекршување на правилата и мерките поврзани со коронавирус, се очекува да добие голема казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Октоподот“ Емпаси не може се, Муњоз ја фрли Колумбија во транс!

Фудбалерите на Колумбија играат одлично на овогодишниот Мундијал. Како ПАМЕТНО да типувате…