Дома Фудбал Останато Мајката на Мбапе откри што бара Французинот од идниот клуб

Мајката на Мбапе откри што бара Французинот од идниот клуб

Килијан Мбапе одбива да стави потпис на нов договор со ПСЖ и на крајот на сезоната најверојатно ќе си замине како слободен агент.

Мбапе е голема желба на Реал Мадрид, а Флорентино Перез работи на трансферот веќе две години и се чини на лето Французинот ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но, без разлика дали ќе остане во ПСЖ или ќе оди во Реал, Мбапе ќе има посебно барање до клубот, откри неговата мајка Фајза Ламари.

„Кој и да потпише, во договорот ќе мора да пишува дека клубот ќе го пушти на Олимпијадата во Париз во 2024 година. Игрите ќе бидат во неговиот роден град, а Килијан е желен да настапи на нив и да освои златен медал со Франција“, изјави Ламари.

Мбапе сакал да учествува на овогодинешните Игри во Токио, но ПСЖ не го пуштил, што дополнително го наруши односот меѓу играчот и клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…