Дома Фудбал Машинеријата на Тухел го “сомле“ и Евертон

Машинеријата на Тухел го “сомле“ и Евертон

Во рамките на 27. коло од англиската Премиер лига Челси беше домаќин на Евертон и на крајот запиша рутинска победа со резултат 2:0.

Евертон имаше серија од три победи во низа, но составот на Анчелоти не се изнаигра на Стемфорд Бриџ, па Челси без поголеми проблеми стигна до победата.

Сините се четврти на табелата со 50 бода и од доаѓањето на Тухел се пропородија, па се поставува прашањето каде ќе беше клубот ако Германецот беше на клупата од почетокот на сезоната.

Водечкиот погодок беше постигнат во 31. минута. Хаверц шутираше, а  Годфри несреќно ја смести топката во сопствената мрежа. Големи заслуги Хаверц имаше и за вториот погодок во 65. минута.

Имено, тој дојде до топката пред Пикфорд, кој го собори и беше досуден пенал. Жоргињо беше сигурен реализатор и зголеми на 2:0. Покрај тие два погодоци Хаверц постигна уште еден, но оправдано беше поништен поради претходно играње со рака.

Челси за пет дена гостува кај Лидс, а Евертон го пречекува Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…