Дома Фудбал Англија Матиќ: Малку му недостасува на Јунајтед за да се бори за титулата

Матиќ: Малку му недостасува на Јунајтед за да се бори за титулата

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ смета дека неговиот клуб наскоро ќе биде подготвен да се бори за титулата во Премиер лигата.

По пристигнувањето на Бруно Фернандеш и враќањето од повреда на Погба, Манчестер Јунајтед бележи одлични резултати и големи се шансите да заврши во Топ 4.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Матиќ смета дека на тимот му недостасува уште 30% за да може да се бори за титулата следната сезона.

„Напредуваме од ден во ден, на секој натпревар, одиме чекор по чекор. Морам да кажам дека постои голема разлика во односот на почетокот на сезоната, во позитивна смисла. Ако биде за 30% подобри, можеме да се натпреваруваме за титулата“, изјави Матиќ за „Скај спорт“.

„Наскоро ќе бидеме посготвени да се натпреваруваме со било која екипа во светот. Фернандеш е врвен играч, мора да сме благодарни што е со нас, има голем квалитет, ги користи двете нозе и ни донесе многу. Ќе биде многу важен играч за Јунајтед во иднина“, заклучи Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во идеалниот тим на Светското клупско првенство има место и за 40-годишник! (Фото)

Едно возбудливо Светско првенство за клубови заврши, а на врвот застана лондонскиот Челзи,…