Српскиот фудбалер Немања Матиќ во последно време доби нова шанса во Манчестер Јунајтед.
Тренерот Оле Гунар Солскјер конечно почна да му верува и го стави во првиот состав, но неговата судбина се уште не е позната. Договорот истекува на крајот на тековната сезона и не е јасно дали ќе има продолжување на соработката.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се разбира, Матиќ нема да има проблем да пронајде нов клуб во текот на летото ако дојде до тоа и порача дека животот ќе продолжи и ако не остане на „Олд Трафорд“.
Сепак, тој додава дека за него е задоволство да ги претставува Црвените ѓаволи.
“Јас имам договор до крајот на сезоната, секој ден сум во тренинг центарот и сум отворен за разговори ако мислат дека можат да помогнат. Ако нема договор, животот продолжува. Нема разговори досега, но мојата позиција е јасна – да го претставувам овој клуб, дојдов овде да освојам трофеи и ако сакаат тие да останам секако ќе дадам се од себе.“ – изјави Матиќ.
Инаку, Матиќ е член на Јунајтед од летото 2017 година, а тој го загуби своето место во првата постава откако тренерот Жозе Мурињо беше отпуштен на крајот од 2018. година.