Дома Трансфер зона Мартин Брајтвајт – уште една во низата грешки на Барселона

Мартин Брајтвајт – уште една во низата грешки на Барселона

Мартин Брајтвајт е уште еден во низата лоши потези на управата на Барселона.

Каталонскиот клуб ја разгледува можноста да го продаде Брајтвајт кој дојде минатото зимо од Леганес за 18 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона тогаш доби посебна дозвола за трансфер откако Осман Дембеле се повреди на подолг период. Тогаш Барса за него ја плати клазулата која изнесуваше 18 милиони евра.

Брајтвајт не се наигра забележа само девет настапи и во просек играше по 37 минути по натпревар, па во превод Барса за него плати во просек два милиони евра по натпревар за тие 37 минути на теренот.

Анецот не е ништо виновен, напротив покажа огромна професионалност, борбеност и пожртвувавност на теренот, постигна еден гол, меѓутоа сега веројатно ќе биде ставен на трансфер листата.

Планот на Барселона беше на лето да го продае, но на „Камп Ноу“ не можеа да ја предвидат кризата и сега мора да се задоволат за него со сума не поголема од 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…