Дома Останати Ракомет Марсениќ : Не е лесно да си сам на линијата од шест метри

Марсениќ : Не е лесно да си сам на линијата од шест метри

Пикерот на Вардар, Мијајло Марсениќ, ќе биде еден од главните адути на српскиот селектор Јовица Цветковиќ на претстојното Европско првенство во Хрватска.

„Ни се случи да имаме голем пех со повредите на Бељански и Стојковиќ. Ќе ми биде полесно кога ќе се вратат на терен. Досега издржав сам, три меча по 60 минути. Не беше лесно, но помина без никакви проблеми. Бељански почна да тренира и ќе биде од голема корист.“ – вели Марсениќ за српските медиуми.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Српскиот пикер за прв пат ќе игра против Раул.

„Се радувам на дуелот со Македонија. Ќе биде прв пат да играм против Раул. Ги познавам сите македонски играчи, се работи за сериозна репрезентација, која има големи шанси, да биде едно од изненадувањата на ЕП. Се надевам ќе биде добар меч, ќе видиме до кај сме и што сме.“ – заврши Марсениќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…