Дома Фудбал Марсело: Се чуствувам како да тонеме…

Марсело: Се чуствувам како да тонеме…

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело очекувано беше разочаран по новиот кикс на Реал Мадрид, поразот од Виљареал.

Погодокот на Пабло Форналас во самата завршница го шокираше преполниот „Сантијаго Бернабеу“ и го фрли тимот на Зинедин Зидан во уште поголем амбис.

„Ова е една од најлошите ситуации откако сум тука. Се обидуваме да играме фудбал, да напаѓаме и да постигнуваме погодоци, но ништо не ни оди. Тажни сме и навистина лути, се чуствувам како да тонеме“, порача Бразилецот.

Стратегот на „кралевите“, Зинедин Зидан смета дека неговиот тим одиграл добар натпревар.

„Не го заслужуваме ова што ни се случува. Мислам дека повторно игравме добро, но топката никако да не посака. Не можам да објаснам зошто. Овој пораз е навистина болен“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Годин за ситуацијата со Алварез: „Кога ќе каже дека сака да си замине, за навивачите е како нож во срце“

Поранешниот уругвајски репрезентативец Диего Годин ја коментираше ситуацијата околу Хулија…