Отказот на Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед денес е главна тема во спортските медиуми ширум светот.
Реал Мадрид утре го игра полуфиналниот натпревар од Светското клупско првенство каде што ќе се сретне против Кашима.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред овој натпревар на конференцијата за медиумите зборуваше Бразилецот Марсело.
Новинарите одлучија Бразилецот да го запрашаат и за ситуацијата со Португалецот кој своевремено ги предводеше „кралевите“.
„Дојдовме тука за да зборуваме за Светското клупско првенство. Сепак, знам дека денешната ситуација е интересна за сите. Навистина е штета тоа што се случи, голем тренер остана без клуб. Јас не сум тој кој треба да одлучи дали ќе се врати во Мадрид. Се што можам е да се заблагодарам за моментите додека беше во клубот“, изјави Марсело.
Реал Мадрид доколку слави против Кашима во финалето на Светското клупско првенство ќе игра против Ал Аин кој денес приреди изненадување и го елиминираше шампионот на Јужна Америка, Ривер Плата.