Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело ова лето ќе го напушти „кралскиот“ клуб, пренесува „Дон Балон“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Истиот извор наведува дека Бразилецот веќе донел одлука и избрал кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А.
За неговиот потпис се силно заинтересирани Јувентус и Интер, а Марсело веќе донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
„Дон Балон“ тврди дека Марсело веќе ја прифатил понудата на Јувентус и ќе се пресели кај својот пријател Кристиано Роналдо.
32-годишниот Марсело има уште две години од договорот со „кралевите“, но Реал нема да му стои на патот и ќе го пушти да се пресели во Торино.